ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Анчелоти, Симеоне и Компани со изговори по поразите на нивните екипи во ЛШ

October 3, 2024 14:55
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде свое видување за синоќешниот натпревар со Лил на гостински терен.

Францускиот тим победи со 1:0 во меч од 2. коло на Лигата на шампионите.

-Не сме навикнати на порази. Но, противникот ја заслужи победата. Лил не надмина во дуел играта. Противникот беше посилен и мораме да го прифатиме тоа. Треба да учите од грешките. Ова е добра лекција која ќе не направи посилни, изјави Анчелоти за шпанските медиуми.

Реал Мадрид е на 16. место со три бода, Лил е 18-ти исто така со три бода во поредокот во Лигата на шампионите. 

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги кажа причините за високиот пораз синоќа во Лисабон.

Атлетико загуби со 4:0 во натпреварот од 2. коло во Лигата на шампионите.

– Не направивме многу, тие ги искористија сите наши грешки и мораме да им честитаме. Направивме многу добра работа во претсезоната, но денеска не одигравме најдобро. Ова можеше да се види во првото полувреме, но во второто ние едноставно престанавме да играме. Да не бараме изговори за замор и слично.  Одговорноста е на тренерот кој прави промени во играта. Ова беше генерално лош натпревар за сите. Ова мора да се прифати, бидејќи е дел од играта. Ќе се обидеме повторно да собереме сили за неделниот натпревар, изјави Симеоне.

Атлетико е на 23. место во поредокот во Лигата на шампионите сотри бода.

Тренерот на Баерн, Винсент Компани ги искажа впечатоците за натпреварот со Астон Вила одигран синоќа во Бирмингем.

Баварците загубија со 1:0 во натпреварот од 2.коло од Лигата на шампионите.

– Изгубивме и треба да научиме од тоа. Овој пораз не е крај за нас, затоа мора да продолжиме понатаму. Не можам да кажам дека одигравме лошо. Игравме одлично со топката, создадовме шанси, но тие имаат силен тим и многу е тешко да се игра овде, изјави  Компани за сајтот на УЕФА.

Астон вила со максимални шест бода по две кола се наоѓа на 6. место во поредокот во елитната фудбалска лига. Баерн е 15-ти со три бода.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: AнчелотиКомпаниЛШСимеоне

НАЈНОВО

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавата на Мицковски за дополнителни даноци за неженети и немажени

July 4, 2025

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk