Министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг изјави дека Владата резервирала 500 места во комерцијалните летови за австралиските државјани и нивните семејства на 5 октомври да го напуштат Либан.
Таа посочи дека резервирани се два лета од Бејрут за Кипар, потенцирајќи оти место во авионите ќе има само за австралиските државјани и нивните семејства.
Вонг уште еднаш ги повика Австралијците да не патуваат за Либан.