ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува 12. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ со над 450 учесници од осум земји

October 3, 2024 09:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со проекција на италијанскиот филм „Последниот пат кога бевме деца“ во режија на комичарот Клаудио Бизио, вечер во 19 часот во кино „Милениум“ ќе биде отворен 12. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ на кој годинава ќе има повеќе од 450 учесници од осум земји. Влезот е бесплатен, а настанот е отворен за широка публика.

Фестивалот ќе трае до 8 октомври и ќе се одржува во Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“.

Петнаесет долгометражни филмови се во официјална конкуренција и 40-ина краткометражни и анимирани филмови распределени во три натпреварувачки категории според возраста на учесниците:  јуниори (од шесто до деветто одделение), кадети (прва и втора година средно) и сениори (трета и четврта година средно образование), а покрај филмови ќе има и дискусии и осум креативни работилници на кои ментори ќе бидат режисери, уметници, музичари.

-Фестивалот „Џифони Македонија“ секогаш се труди да прикажува најдобар избор на филмови за младата публика и што е можно повеќе филмови за млади од регионот, па така оваа година покрај повеќето европски филмови имаме играни филмови од Србија, Црна Гора и Косово, а кратките филмови се од целиот свет, соопштија организаторите на фестивалот..

Секој ден во рамките на фестивалот, во термините од 15.45 и 17 часот ќе се одржуваат Edu Cuts разговори во рамки на конференцијата на тема „Зајакнување на креативноста на младите“, на која ќе учествуваат млади успешни луѓе што ќе ги споделат своите искуства и визии.

-Младинската филмска продукција е главната нишка на оваа конференција, па тука ќе бидат претставени разни младински иницијативи и работилници за снимање филмови од млади таленти, се наведува во соопштението.

Фестивалот ќе биде затворен на 8 октомври во киното „Милениум“ кога ќе бидат прогласени победничките филмови во сите натпреварувачки категории.

Tags: „Џифони Македонија“Филмски фестивал за млади
Next Post

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk