ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се одржа четвртото издание на Лешочки камерен музички фестивал

October 4, 2024 12:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ се одржа четвртото издание на Лешочки камерен музички фестивал.

На свеченото отворање на 30 септември, на првиот концерт во 18:00 часот настапи дуетот гитари „Милонга“ во состав Дејан Лазаревски и Александра Кировска, а на вториот, во 19:00 часот, како уметници од регионот настапи Дајана Малорари-Пајазити – сопран во пијано придружба на Едита Руси. На втората фестивалска вечер настапи Никола Соколовски на кларинет во пијано придружба на Билјана Петровска, и Филип Трајковски на хармоника којшто на програмата настапи како солист и во дует со кларинетистот Соколовски.

– На двете вечери публиката имаше можност да проследи по два концерта со што се реализираа сите заложби на организаторот да учествуваат музички уметници од двете националности, македонската и албанската, коишто живеат во Полошкиот регион, промовирање на млади уметници како и на гости од странство. Сето тоа овој фестивал придонесува кон, приближување на различните култури преку универзалниот јазик на музиката, истакна уметничкиот директор на фестивалот Маја Шутевска-Кировска

Како и досега Лешочкиот камерен музички фестивал, отстапува место на младите музички надежи.

– И оваа година публиката во двете фестивалски вечери имаше прилика да ужива во убавината на камерното музицирање. Програмата понуди различни видови камерни состави со интересна програма со дела од периодот на романтизмот па сè до денес, а публиката беше почестена со неколку праизведби на дела за гитара. Четвртото издание на Лешочкиот камерен музички фестивал и оваа година ги оправда очекувањата на организаторот. Настапија млади коишто се на почетокот на својата кариера, како и изведувачи со поголемо искуство. Беа застапени музичари кои потекнуваат од полошкиот регион и уметници од двете етнички заедници коишто живеат на тој регион. Лешочкиот камерен музички фестивал придонесе во збогатувањето на духовноста на манастирот свети Атанасиј во Лешок, но и во целиот регион. Со нетрпение го очекуваме петтото, јубилејно издание на Лешочкиот камерен музички фестивал следната година, истакна Соња Андонов, музиколог.

На Лешочкиот камерен музички фестивал како гости од странство настапи Руја Танер од Турската Република Северен Кипар, пијано и Куршат Башар од Турција на саксофон.

Tags: камерен музички фестивалЛешок
Next Post
Фото:  ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk