И за денеска по повод годишнината од упадот на Хамас во Израел во главниот град на Германија, Берлин најавени се протести на Потсдамер плац, поради што се распоредени се околу 2.000 полицајци.
На пропалестинските митинзи за време на викендот во Берлин демонстрантите фрлаа камења и шишиња врз полицајците кои возвратија со солзавец.
Во саботата пропалестинските демонстранти маршираа од Темпелхоф до Бранденбуршката порта, а во неделата беа одржани демонстрации во Кројцберг и Нојколн. Полицијата употреби солзавец за да ги растера илјадниците демонстранти во берлинскиот кварт Кројцберг, а неколкумина се приведени, меѓу кои и демонстрант во инвалидска количка, кој наводно бил насилно влечен во полициско возило.