ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во МНТ специјален концерт на НЏО со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип

October 7, 2024 11:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Националниот Џез оркестар (НЏО) најавува специјален концерт, кој ќе се одржи утревечер, 8 октомври (вторник) , со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Овој уникатен настан ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

Динамичен спој на искуството на професионалните музичари од Националниот Џез оркестар и новите музички надежи од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип, ќе понудат оригинален концертен настап на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, утревечер, на 8 октомври (вторник) со почеток во 20 часот. Овој несекојдневен концертен концепт ќе понуди иновантни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез таленти ќе имаат можност да го покажат најдоброто, рамо до рамо со професионалните џез музичари.

„Водејќи се од идејата дека имаме плодна почва за создавање на нова генерација расни џез музичари кои ќе го продолжат континуитетот на врвна професионалност на Националниот џез оркестар, сакаме да им дадеме можност на младите колеги конечно да застанат на голема сцена заедно со нас.“, велат од НЏО.

Ентузијазмот на младите таленти ќе даде посебна возбудлива нишка на овој концерт, кој воедно е најава и за идни, слични настапи. Оваа млада генерација на џез уметници ќе генерира нова млада публика, и ќе продолжи да ја негува џез културата која има блескава традиција во нашата држава.

„Ова е ретка можност и скапоцено искуство за нас младите џез музичари. Ќе го дадеме најдоброто од себе“, велат младите музичари кои со денови се подготвуваат за концертот во МНТ.

Цените на билетите се 500 денари и 250 денари за студентите.

Tags: МНТНЏО
Next Post
Фото: Ген И

Пуштена во употреба голема соларна електрана кај Кавадарци

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk