Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но јавноста преку медиумите во Бугарија дозна дека не само што се уште има бугарско државјанство туку и целото нејзино семејство има бугарско држајанство и пасош, реагираат од СДСМ.
„Божиновска исто така се уште нема одговорено ниту за долгот на фирмите од 1 милион евра. Граѓаните не може да имаат доверба во Божиновска кога таа ја крие вистината и ги лаже“, се наведува во соопштението од СДСМ.