Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирало низа активности за отстранување диви депонии во чии рамки се подигнати итранспортирани приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад.
Како што соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје, активностите се одвивале на неколку локации во општината Ѓорче Петров и тоа на улиците „Борис Сарафов“, „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“, како и во општината Чаир на булеварот „Втора македонска бригада“ и на улицата „Џон Кенеди“.