ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинетиот Велибор Манев го посочил местото на убиството на Панче Жежовски, сведочеше екс началник од Велес

October 16, 2024 15:04
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше и поранешниот началник Ристе Самарџиев од Велес во врска со истрагата за исчезнувањето и убиството на Панче Жежовски.

На прашања од обвинителката Жаклина Лазаревска, тој одговори дека Жежовски го нашле на непристапно место до кое е тешко да се дојде, ако некој не посочи, а на нив, како што кажа, им посочил обвинетиот Велибор Манев.

Началникот сподели како течел процесот откако лицето било пријавено за исчезнато, при што посочи дека најпрво не се сомневале дека е исчезнат, бидејќи при изготвениот профил на личност, увиделе дека тој е човек кој често знаел да биде отсутен до дома повеќе денови, но, откако добиле информација од Скопје дека го пронашле неговото опожарено возило, почнале да се сомневаат.

– Велибор ни го кажа местото на настанот. Прво кажа дека тие се виновници за убиството на Вања, го кажа местото каде е убиена и закопана. После тоа го прашавме за Панче и ни кажа и за Панче, го земавме и нѐ однесе на местото на настанот. Тој го знаеше точното место каде што е закопан Панче, рече Самарџиев.

Според сведочењето на Самарџиев, Манев им кажал дека го убиле и закопале Панче заедно со сите четворица и дека пукал Љупчо Палевски.

Самарџиев рече дека по прибавената видео снимка од камерите од хотелот „Романтик“ се гледа дека се движат возилата „пежо“ и „рено кангу“ кон местото каде што живее Панче.

Прашан од адвокатот на Палевски дали била пронајдена чаурата и дали има сознанија за нејзиното вештачење, одговори дека такви вештачења нема во Велес, само во Скопје, а во однос на тоа дали е запознат со тоа дека на камерата од Романтик се три лица, а не четири како што стои во обвинението, одговори дека не е запознаен.

Претходно денеска сведочеше и поранешниот помошник началник од Скопје, Музафер Каишиќ, кој зборуваше за текот на истрагата за пронаоѓањето на Вања. Во својот исказ тој денеска кажа дека до местото на настанот, каде што го пронашле телото на Вања, ги однел обвинетиот Влатко Кешишов.

На минатото рочиште,  во понеделникот сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков. Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа. Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Next Post

Османи за жртвите на сексуалното насилство во војната во Косово: Нема правда без да одговараат злосторниците

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk