ЗОРАН ИВАНОВ
По ова на Мицкоски од Салзбург и неговото “супер Преспански” и, аналогно на тоа, како што и тој самиот упатува, на таа основа да се преслика и Бугарскиот, некој сега и нему и на неговиот демагог од МНР, треба да им појасни дека едната тема, темата “Преспански”, е тема на ООН, а втората тема, темата “Бугарски”, е тема на ЕУ па, еве, во една реченица, малку ука која сака да појасни дека разликата меѓу статусната позиција на ООН и статусната позиција на ЕУ, како што вели и народната, е разлика како меѓу Бог и Шеширџија и, оттука, погоре посочените политички субјекти, очигледно се во некаква и правна и политичка и, посебно, и во некаква институционална – збунка.
Преземено: Цивил Медиа