ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Харис со поддршка од поранешни видни демократи, Трамп отфрлен од искусните републиканци

October 23, 2024 18:23
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Неколкумина поранешни станари во Белата куќа се активирани во митинзи за поддршка на потпретседателката Камала Харис: Бил Клинтон неодамна беше во Северна Каролина, Барак Обама в четврток оди за Џорџија, а неговата сопруга, Мишел во сабота е во Мичиген, каде во таа држава почнува предвременото гласање.

Кампањата на ривалот на Харис, поранешниот претседател Доналд Трамп, пак е водена од антиестеблишмент, и радикални елементи кои го величат и го претставуваат како праведен изгнаник.

Обама имаше огнено обраќање на митинг синоќа во Детроит Мичиген, каде на сцената беше најавен од раперот Еминем.

Дури и поранешниот претседател Џими Картер кој неодамна прослави јубилејен 100-ти роденден и кој прима нега од хосписи, гласаше за Харис во предвременото гласање во Џорџија. Таа се обидува да го зајакне својот имиџ и собра поддршка не само од демократските лидери, туку и од голем број фигури од Републиканската партија и поранешни функционери во администрацијата на Трамп, кои сега се дистанцирани од него.

Деновиве, Харис посети три клучни држави заедно со поранешната републиканска конгресменка Лиз Чејни, која ги осуди постапките на Трамп како недостојни за претседателската функција и објасни на своите републикански колеги зошто Харис е првиот демократ за кој таа ќе гласа. Таткото на Лиз, поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни, исто така ја поддржа Харис, иако не е вклучен во кампања.

Чиста спротивност на ова е кампањата на поранешниот претседател. Тој не доби поддршка од поискусните видни членови на Републиканската партија како Чејни, сенаторот Мит Ромни или поранешниот гувернер на Њујорк Крис Кристи. Но тој ја има поддршката од актуелните повитални републикански првенци кои вешто играат на радикалните карти како засилена борба против нелегалната имиграција и намалување на подршката за Украина. Тоа се спикерот на Претстаничкиот дом Мајк Џонсон, сенаторот од Јужна Каролина Линдиз Грем или конгресменот од Јужна Дакота Кристи Ноем.

Лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, републиканец од Кентаки, според приватни разговори рекол за Доналд Трамп дека е „одвратен човек,“ „нарцис,“ „глупав“ и со „лошо расположение,“ според новата книга на новинарот на „Асошијетед прес“, Мајкл Такет. Трамп, пак, редовно го навредувал Меконел, нарекувајќи го „стара врана.“ Сепак, Меконел претходно годинава го поддржа Трамп, изјавувајќи дека тој ја заслужил номинацијата на Републиканската партија.

Tags: избориКамала ХарисСАДТрамп
Next Post

Директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk