ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јакимовски: Општина Карпош ќе го напушти ЗЕЛС ако продолжи теророт на власта

October 24, 2024 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Градоначалникот на Општина Карпош на денешната прес конференција најави дека општина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од страна на централната власт.

„Причини за напуштање на ЗЕЛС има многу. ЗЕЛС ги премолчи сите притисоци што ги трпиме од министрите од оваа влада. Не сум прв пат градоначалник. Но, ова е невидено што го прават министрите од владата на Мицкоски. Не знам дали е по негова директива, или не е, но гледате што прават со градоначалникот на Струмица. Градоначалникот да имал чиста вода за пиење. Министерот си ја решил ситуацијата во земјоделието, па се фатил со детено „водата, па водата“. Наместо да му помогне како министер, видете тој што прави. Што прават со мене тука? Министерот за транспорт вика јас не потпишувам планови додека сум министер и уште се фали дека со новиот закон му се зголемиле ингеренциите. Сега јавно да го прашам. Вие одите кон Брисел или одите кон Москва? Ако одите кон Брисел вие треба да ги намалувате дискреционите права, а не да ги зголемувате. Ако одите кон Москва, тогаш ќе функционирате со декрет. Министерот за внатрешни, гледате ни пушта кривични, на апсолутно чист предмет, а од друга страна гледате дека се пуштаат бандити од затвор. Од друга страна, прв пат во 47 години се случи да не се гласаат програми, да не се гласа Буџет и тоа од оваа партија на власт. Кое племе е ова? Од каде дојдоа? Да не се гласаат програми за работа. Ај што не ги гласаат, туку кога ќе ги изгласаме, ги обжалуваат во инспекторат и вршат притисок да донесат одлука каква што тие сакаат. И мислат дека ние сето тоа треба да го трпиме. Министерот за локална самоуправа го гледа сето тоа и си ќути. ЗЕЛС ова го гледа како не се гласаат програми на колеги кои не се од негова партија. И ние треба да останеме во таа институција и да функционираме. Затоа претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата партија за да ги штити интересите на локалната самоуправа. Ова е многу сериозна работа. Со ова треба да бидат запознати сите амбасади како функционира оваа власт буквално разулавена. Но јас сум сепак, за да седнеме и да разговараме. Мене ме побара колегата Орце Георгиевски. И побара да се сретнеме. Да сакам да се сретнеме и треба да се сретнеме, затоа што вака не можеме да функционираме“, изјави Јакимовски.

 

 

Одделение за односи со јавноста

ОПШТИНА КАРПОШ

 

Tags: ЗЕЛСЈакимовскиКарпош
Next Post

Николовски за Фронтлајн: Пораките на Фон дер Лајен до Мицкоски се статус кво - владата да ги прифати уставните измени

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk