ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Калајџиев: Комисијата за помилување доби над 100 предлози, меѓу нив немало од осудените за 27 април

October 25, 2024 23:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Гордан Калајџиев

Гордан Калајџиев

Комисијата за помилување добила над 100 предлози од претходниот министер за правда Кренар Лога за помилување, и од нив одбрале 10 врз основа на критериумите што ги имале, вели членот на Комисијата, професорот Гордан Кајалџиев.

Тој во гостување во поткастот „На кавга со Иван “ што ќе биде објавен вечерва на Јутјуб и на Канал 5, посочува дека меѓу предлозите немало ниту еден осуден за случувањата од 27 април, иако вели знае поголем дел од нив.

-Си имаме критериуми, тие се неформални, некои од нив дури ги имаме и на хартија. Иако законот го укина Уставен суд да не може за убиство, педофолија, обид за убиство итн, овој што е најспорниот, никој не го знаеше дека е Барон или што било. Еден од тие другите имаше многу повеќе оружје. Ние гледаме да е добар во затвор. По правило се гледа добро поведение, и во главно посебни причини се гледаат кај помилувањето секогаш, не е само добро поведение, старост. Староста јас ја форисирам, другите не, јас сметам дека луѓе преку 70 години во вакви затвори не смеат да одат во затвор. Услови во семејство како болест кај дете, а тој самохран родител, болни родители, а нема кој да ги издржува, мајки на деца што се самохрани, особено болест на деца. Тоа беше причина за помилувањето на Ефремов, изјави Калајџиев.

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи денеска на новинарски прашања во врска со помилувањето затвореници, изјави дека институтот помилување е многу битна работа во државата и не смее да биде предмет на дневно – политички препукувања.

-Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нас тоа ни се случува. Еднаш веќе осудени лица теба да ги пратиме на ресоцијализација. Не можеме повторно да ги судиме во јавноста, изјави Филков по посетата на Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга.

Тој појасни дека Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа, додаде, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата. Министерството, нагласи, има еден член и тој нема право на глас, односно не гласа.

Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување.

По жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“ вчера попладне свика состанок на Комисијата за помилување. Оттаму до денес нема официјална информација.

Претседател на Комисијата за помилување е д-р Методија Каневчев, а членови се проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

Tags: КалајџиевПомилување
Next Post

СДСМ до Владата: Прифатете го предлогот за минимална плата од 450 евра и застанете зад граѓаните

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk