ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД претстави програма за решавање на проблемите со националната безбедност поврзани со вештачката интелигенција

October 25, 2024 19:30
in ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, СВЕТ
AI generated image

AI generated image

САД синоќа претставија програма за решавање на проблемите со националната безбедност поврзани со вештачката интелигенција, која доаѓа година дека откако претседателот Џо Бајден потпиша указ за регулирање на оваа технологија.

Меморандумот за национална безбедност (НСМ) е насочен кон постигање баланс меѓу спречувањето на воени примени на вештачката интелигенција од страна на противници како Кина и создавањето ефективни безбедносни мерки кои ќе ја одржуваат довербата на јавноста во оваа технологија, изјавија официјални лица.

-Постојат многу јасни национални сфери за примена на вештачката интелигенција, вклучувајќи области како сајбер-безбедноста и контраразузнавањето, изјави висок претставник на администрацијата на Бајден.

-Земји како Кина гледаат вакви можности за модернизација и револуција на нивните воени и разузнавачки капацитети. Особено е важно да го забрзаме користењето на напредните капацитети на вештачката интелигенција во нашите национални безбедносни структури за да задржиме конкурентна предност.

Во октомври минатата година Бајден му наложи на Националниот совет за безбедност и на шефот на кабинетот на Белата куќа да го изработат овој меморандум.

Инструкцијата беше дадена истовремено со потпишувањето на указот за регулирање на вештачката интелигенција, според кој САД треба да ги „предводат“ глобалните напори за управување со ризиците поврзани со оваа технологија.

Указот, кој Белата куќа го нарече „значајна пресвртница“, бара од федералните агенции да постават нови безбедносни стандарди за системите за вештачка интелигенција и ги обврзува разработувачите да споделуваат со владата на САД резултати од безбедносните тестови и други важни информации.

Американските официјални лица очекуваат дека брзото развивање на технологијата за вештачка интелигенција ќе предизвика воено и разузнавачко ривалство помеѓу светските сили.

Американските агенции за безбедност имаат пристап до „најмоќните системи на вештачка интелигенција“, што вклучува значителни напори за набавка, изјави друг претставник од администрацијата.

-Веруваме дека треба да бидеме чекор пред нашите противници и да ги намалиме заканите поврзани со користењето на вештачката интелигенција од страна на противниците..

Според него, целта на НСМ е да осигура дека владата „го забрзува воведувањето на вештачката интелигенција на паметен и одговорен начин“.

Покрај меморандумот, владата планира да издаде рамковен документ кој ќе даде насоки за тоа „како агенциите можат и не можат да ја користат вештачката интелигенција,“ изјави изворот.

Во јули, повеќе од десетина граѓански организации, како што е Центарот за демократија и технологии, испратија отворено писмо до претставници на администрацијата на Бајден, вклучувајќи го советникот за национална безбедност Џејк Саливан, барајќи во NSM да бидат вклучени сигурни безбедносни мерки.

-И покрај ветувањата за транспарентност, малку се знае за тоа каква вештачка интелигенција се користи во најголемите разузнавачки, внатрешни и правни институции во земјата, како што се Министерството за внатрешна безбедност, ФБИ, Агенцијата за национална безбедност и Централната разузнавачка агенција, се вели во писмото.

-Нејзината примена во контекст на националната безбедност, исто така, носи ризик од засилување на расни, етнички или верски предрасуди и влошување на нарушувањата на приватноста, граѓанските права и слободите.

Саливан сионќа одржи говор за меморандумот во Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон.

Поголемиот дел од меморандумот е не-класифициран и ќе биде објавен, но ќе содржи и таен додаток кој е главно посветен на заканите од страна на противниците на САД.

Tags: вештачка интелигенцијаСАД
Next Post
Гордан Калајџиев

Калајџиев: Комисијата за помилување доби над 100 предлози, меѓу нив немало од осудените за 27 април

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk