Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го истакна придонесот на дефанзивецот Иниго Мартинез во победата над Реал Мадрид.
Каталонците синоќа во 11. коло од Шпанското фудбалско првенство славеа победа со убедливи 4:0 на гостински терен.
-Одбраната беше навистина добра против Реал Мадрид, како и остатокот од тимот, но не заборавајте еден играч… Тој играч е Иниго Мартинез. Повторно беше одличен, изјави Флик за „AS“.
Јамал: Можеби играчите на Реал не знаеја дека имам и десна нога
Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал раскажа како успеал да постигне гол.
Во 77. минута го постигна третиот гол за Каталонците, шутирајќи со десната нога во блискиот горен агол од противничкиот гол. Инаку, 17-годишниот Шпанец е левак.
-Можеби играчите на Реал Мадрид не знаеја дека и јас имам десна нога. Треба да ја користам кога ми треба, како вечерва! – изјави Јамал за „Копе“.
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ е највозрасниот играч во историјата на тимот кој настапил на натпревар со Барселона.
Хрватот синоќа влезе како замена во 63. минута. Во моментот на натпреварот, Модриќ имаше 39 години и 47 дена.
Тој го собори рекордот на поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш, кој играше против Реал Мадрид со 38 години и 318 дена.
Неодамна Модриќ изрази желба уште една сезона да игра за Реал Мадрид.