Неформален разговор со македонските автор(к)и кои оваа и минатата година го добија регионалното книжевно признание „Штефица Цвек“: Лидија Димковска, Калиа Димитрова и Стефан Алијевиќ. Настанот ќе се одржи на 01 ноември (петок) со почеток во 19 часот, во центарот Комитет во Скопје.
Ана Аврамовска, писателката која исто така беше меѓу наградените, ќе има видео обраќање. Овој настан е посветен и на сите автор(к)и кои влегоа во поширокиот круг на признанието, и тие исто така срдечно се поканети да се приклучат на разговорот.
Целта на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ е афирмација на бунтовните писателски и читателски практики, односно на феминистичките, квир, деколонијални, марксистички и еколошки ангажирани перспективи. Признанието се доделува трета година по ред, а во изборот влегуваат авторки и автори од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.
На настанот локалниот организациски тим ќе ја претстави идејата зад наградата и процесот и критериумите за селекција на книгите. Освен дискусија на четирите наградени дела од Македонија, ќе се разговара и за сфаќањето на ангажираната книжевност, релациите на македонската книжевна сцена со регионот, преобмислувањето на книжевните ритуали, процеси и канони и тн.