Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Премиерот Христијан Мицкоски, како што самиот си напиша на Фејсбук, остварил, цитирам: искрен и пријателски телефонски разговор со господинот Бојко Борисов на кој со задоволство му ја честитав победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија и, натаму, пишува Мицкоски, цитирам: во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија и, натаму, пак цитирам, вели: верувам дека само со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји и продолжува, а јас пак цитирам: очекувам дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени од почит и разбирање, за доброто на сите нас, завршува премиерот за овој негов, излегува, телефонски монолог за кој, не навлегувајќи во јазичните и интерпункциските недоследности во ова негово јавно обраќање, останува да се констатира дека во неговото казание има и една голема недореченост во делот каде што би требало да стои инфото за тоа што пак Бојко му реплицирал на нашиот премиер, дали софискиот соговорникот само понизно молчел и слушал или сепак имало дијалог па, прашањето во оваа една реченица, прашање во кое се насетува одговорот макар тоа премиеровиот соговрник го премолчел е идентичен како и досега дека без ЕУ друштвото, и од Борисов, и од било кој друг и други оттаму, и натаму ќе си добиваме корпи па затоа и ова телефонско рандеву додворување на македонскиот премиер кај бугарскиот претендент премиер е само уште едно – џабе.
Преземено: Цивил Медиа