ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Контроверзи околу доделувањето на „Затна топа“: Родри победник, Реал Мадрид бојкотираше, „Франс фудбал“ велат имале притисок од Реал

October 29, 2024 10:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ

Играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер Сити, Родри ја доби „Златната топка“ за 2024 година. Се доделува на најдобриот фудбалер за периодот 01.08.2023 – 31.07.2024 година во кој е вклучено и Европското првенство. Најблиску до Родриго Ернандез беше триото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам и Даниел Карвахал.

– Еден ден му реков на татко ми: „Го напуштам фудбалот, мојот сон заврши“. Но, тој ми одговори: „Не, продолжи, да се обидеме до крај“. Денес сум тука и горд сум на овој момент. Морам да му кажам на татко ми: „Ти благодарам“. Денешната победа не е за мене, туку за целиот шпански фудбал. Толку играчи ја заслужија оваа награда, но не ја освоија: Иниеста, Чави, Касиљас, Бускетс и многу други. Сето ова е за шпанскиот фудбал и играчите од средниот ред. Денес многу пријатели ми кажаа дека фудбалот победил затоа што биле истакнати толку многу играчи од средниот ред. Тие ја извршуваат својата работа незабележано, но денес излегоа на виделина, изјави Родри за „AS“.

Во кампањата 2023/24, Родри стана европски шампион со Шпанија и ја освои титулата во Англија со Манчестер Сити.

Родри стана третиот Шпанец во историјата кој ја освоил Златната топка. Пред него, наградата двапати ја освои поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано (1957, 1959) и еднаш поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Луис Суарез (1960).

Винисиус со порака по неосвојувањето на „Златната топка“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор реагираше на одлуката да му се додели наградата „Златната топка“ на играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри за најдобар во сезоната 2023/24.

Винисиус заврши втор во гласањето. Бразилецот, како и сите други претставници на Реал Мадрид, не дојде на церемонијата на доделување на наградата, која се одржа во Париз.

– Ќе го направам тоа десет пати ако е потребно. Тие не се подготвени, напиша Винисиус на социјалните мрежи.

Во сезоната 2023/24 Бразилецот со Реал Мадрид стана шампион во Шпанија и победник на Лигата на шампионите.

Анчелоти прогласен за Тренер на годината

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше почестен со наградата Тренер на годината за време на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ за 2024 година.

Популарниот Дон Карло заедно со другите мадриѓани ја бојкотираат церемонијата, бидејќи дознале дека Винисиус Жуниор нема да биде добитник на „Златната топка“.

Анчелоти лани освои три титули – ЛШ, Ла Лига и Кралскиот куп.

Наградата за Тренер на годината во иднина ќе го носи името „Јохан Кројф“ по легендарниот Холанѓанец, еден од најдобрите европски фудбалери на сите времиња, подоцна многу успешен како тренер на Барселона.

За познатиот фудбалер и тренер зборуваа поранешниот бугарски ас Христо Стоичков (добитник на Златната топка во 1994 година додека играше за Барса на Кројф) и Жорди Кројф, поранешен фудбалер и син на Јохан Кројф.

Мартинез втора година по ред е најдобар голман во светот

Голамнот на Астон Вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез втора година по ред најдобар голман на светот!

Аргентинецот останува сопственик на трофејот „Јашин“, откако го доби трофејот на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.

Минатата сезона, голамнот триумфираше со Копа Америка, каде исто така стана број 1 меѓу играчите на неговата позиција.

-Благодарам на другите голмани со кои се натпреваруваме. Продолжуваме да се развиваме и секогаш се трудиме да се докажуваме. Посебна благодарност до Лаутаро што го постигна тој гол во финалето на Копа Америка, изјави Мартинез.

За прв пат во историјата на трофејот „Јашин“ истиот играч го доби во две последователни сезони.

Хари Кејн го понесе трофејот за најдобар стрелец, Мбапе не се појави

Капитенот на Англија, Хари Кејн, ја освои наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелез во минатата сезона.

За време на церемонијата на „Златната топка“, фудбалерот на Баерн Минхен доби награда која, во принцип, треба да ја подели со Килијан Мбапе.

Двајцата завршија со по 52 гола, но францускиот напаѓач на Реал Мадрид не се појави во салата во Париз. Ова е првпат во историјата оваа награда да има двајца добитници.

-Ја земам наградата, но и двајцата ја заслуживме, прокоментира Кејн.

Покрај тоа, англискиот интернационалец е на десеттото место за „Златната топка“.

Реал Мадрид е клуб на годината

Тимот на Реал Мадрид беше прогласен за „Клуб на годината“.

„Кралевите“ сосема заслужено го добија признанието бидејќи ја освоија Лигата на шампионите, како и Ла лига.

Тимот од главниот град на Шпанија го откажа пристигнувањето на церемонијата.

Јамал го понесе трофејот за најдобар млад играч

Ламин Јамал од Барселона е прогласен за најдобар млад играч на церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ во Париз.

Нему му беше доделен трофејот „Копа“, првиот трофеј на вечерта.

-Чест ми е да се биде овде. Најпрвин сакам да им се заблагодарам на моите родители кои ми помагаат цело време. На сите во Барселона, на Луис де ла Фуенте и на целиот шпански персонал. Да живее Барса, рече Јамал. 

Бонмати ја освои „Златната топка“ кај дамите

Фудбалерката на Барселона и шпанска репрезентативка, 26-годишната Аитана Бонмати, втора година по ред ја добива „Златната топка“ во женска конкуренција.

Наградата е сосема заслужена бидејќи беше најдобра фудбалерка на Барса во сезоната во која Каталонките на доминантен начин ја освоија Лигата на шампионите и сите три трофеи во Шпанија – првенство, Куп и Суперкуп.

Таа го освои и трофејот од Лигата на нациите со репрезентацијата на нејзината земја.

Во „Франс фудбал“ имале притисок од Реал пред доделувањето на „Златната топка“

Главниот уредник на „France Football“, Винсент Гарсија изјави дека Реал Мадрид врши притисок врз него да го дознае името на добитникот на Златната топка за 2024 година.

– Реал Мадрид ми вршеше притисок да дознам дали Винисиус победил и можеби мојот молк ги натера да помислат дека нивниот фудбалер не е добитник на наградата, па не се појавија на манифестацијата, изјави Гарсија за „L’Equipe“.

Ниту еден клуб или играч не знае во понеделник попладне кој ја освоил „Златната топка“, изјави еден од организаторите на најпрестижниот индивидуален трофеј во фудбалот, цитиран од светските агенции.

Ова издание на наградите стана едно од најдискутираните откако првично се очекуваше Винисиус Жуниор да ја подигне наградата, но потоа работите се променија.

„Златната топка“ за 2024 година ја доделуваат заеднички УЕФА, „Франс Фудбал“ и „Екип“. Победникот кај мажите беше решен по гласањето на новинарите од првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА. Секоја земја има по еден претставник. Од листата од 30 номинирани, жирито ги рангира првите 10 по опаѓачки редослед. На десетте избрани играчи им се доделуваат 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4, 3, 2 и 1 поен соодветно. „Златната топка“ се доделува на играчот со најмногу поени.

Ј. Ѓ.

Tags: Златна топкафудбал
Next Post
Portland Police Bureau

(ВИДЕО) САД: Пожари во гласачките кутии во Орегон и Вашингтон предизвикаа уништување на гласачки ливчиња

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk