– Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски се обидува да го заштити Раководителот на наплатата на патарините, но неуспешно. Дури откако реагираше СДСМ на прес конференција им текна да се бара наплата преку Секторот за финансии, со фактура за дозволеното незаконско поминување на 40 возила низ патарините, истакнуваат од СДСМ.
„Чекале повеќе од еден месец и воопшто не постапиле согласно правилата, прво да се израби профактура пред настанот, и секогаш да биде наплатено пред поворката од возила да помине. Сето ова е јасен показател дека Раководителот на наплата на патарините, Ванчо Милевски е фатен во класична злоупотреба на службената положба и основано сомнение за сторено кривично дело. Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина. Го повикуваме Коце Трајановски да не пробува да го извади Раководителот Ванчо Милевски. Трајановски има обврска да го пријави случајот и да побара од надлежно Јавно обвинителство да го расчисти во целост. Во спротивно Трајановски станува соучесник во кривичното дело“, се наведува во соопштението од СДСМ.