Производството на ракети во Иран не е прекинато по израелските воздушни напади врз Исламската Република, изјави иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзаде.
Шефот на израелското Министерство за одбрана Јоав Галант завчера им честиташе на израелските пилоти кои учествуваа во нападот на Иран на 26 октомври, за тоа дека нанеле штети на производствениот капацитет на земјата. Операцијата беше одговор на масовниот ракетен напад што Техеран го почна против Израел на 1 октомври.
„Нивните залихи се веќе поставени и тоа влијае на нивните пресметки. И нивните офанзивни и одбранбени способности се ослабени“, изјави Галант.
„Непријателот се обиде да нанесе штети на нашите системи за одбрана и напад, но не постигна голем успех, бидејќи презедовме мерки. Нема никаков прекин во производството на проектили“, нагласи Насирзаде.
Тој додаде дека системот за противвоздушна одбрана, кој беше оштетен во израелскиот напад, бил „заменет веќе следниот ден“. Иранскиот министер, исто така, предупреди дека неговата земја би можела повторно да изврши масовен ракетен напад врз Израел.