ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

(ВИДЕО) Новинарите во одбрана на интегритетот: потребен е сериозен чекор напред!

October 30, 2024 15:47
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Медиумските дејствија во постизборниот период, новинарскиот интегритет, објективното известување и следење на процесот за време на избори, потребата за градење на капацитети во новинарството за унапредување на професијата, беа дел од темите за кои се дискутираше на денешниот настан во рамките на Неделата на медиумска писменост, кој го реализираше Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Меѓународната фондација за изборен систем (ИФЕС).

Настанот го отвори Младен Чадиковски, претседателот на ЗНМ кој се задржа на состојбата на медиумите во Македонија како и предизвиците со кои се соочуваат новинарите, а ја спомена и потребата од дополнителни обуки за новинари преку Тренинг- академијата на ЗНМ.

„Нема добра информација без економска сигурност, безбедност на новинарите и континуирани обуки. Но попусто ќе е се ако нема новинарство без квалитетни редакции, теми и истражувања и затоа мора да работиме на овие неколку фактори, рече Чадиковски

Се обрати и Јоана Козма, претставник од Меѓународната фондација за изборен систем (ИФЕС) која ја истакна важноста за транспарентноста во изборниот процес и важноста на новинарите во истиот.

„Ова има витална улога во секоја демократија, секое општество, но не е доволно. Уште еден важен сегмент во целиот овој процес се случувањата во периодот помеѓу изборите бидејќи потребно е да се мониторираат владините постапки, а медиумите се клучни во овој процес“ – рече Козма.

Настанот беше поделен во две сесии. Темата на првата сесија беше – Почитување на интегритетот во новинарството: обезбедување отчетност во следењето на успешноста на владините политики на која дискутираа Сашка Цветковска од ИРЛ, Васко Попетревски од 360 степени, Ана Петрушева од БИРН и Миомир Серафиновиќ од ТВ Телма.

Секој од нив од свој агол го презентираше својот став на темата. Имено, како генерални проблеми беа наведени недостатокот на интерес за професијата од страна на младите новинари, тренд на намалување на квалитет на информации презентирани од страна на дел од медиумите, појавата на нови онлајн медиуми во екот на предизборие, ниските плати на новинарите и просечни критериуми на дел од медиумите, се поголемото присуство на информации објавени од страна на пи-ар агенции, а нарачани од центрите на моќ.

Втората сесија беше на тема – Академијата за обука на Здружението на новинарите на Македонија како движечка сила во надградбата на капацитетите на медиумските работници, обезбедување интегритет и отчетност , каде што своите искуства и ставови ги пренесоа Лазар Сандев кој зборуваше за правните аспекти на обучувањето на новинари и медиумски работници,  Марина Тунева се задржа на етичката димензија на обучувањето и Бесим Небиу кој зборуваше како да се зајакне професионализмот благодарение на обуките наменети за новинарите.

 

Next Post

Ѓорѓи Галетановски назначен за претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk