Две лица загинаа, а шестмина се повредени во синоќешниот вооружен инцидент во Орландо, во американската сојузна држава Флорида.
Инцидентот се случи за време на прославата на Ноќта на вештерките. Повредените лица на возраст од 19 до 39 години се хоспитализирани и се во стабилна состојба.
Полицијата соопшти дека уапсиле 17-годишен момче под сомнение дека пукал во жртвите.