Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Ова анкетиве на вмровскиов анкетар за „уставни измени со одложено дејство“ со негови резултати кои велат дека над 50% од граѓаните би поддржале уставни измени за Бугарите во устав ама со одложенио дејство, демек автентично истражување, еве, и без анкета, да му кажам во една реченица дека такви измени ќе поддржат не 50%, туку дека такви измени ќе поддржат 100% од македонските граѓаните, ама, ама такви измени значат блокада за Македонија за ЕУ што очигледно е стратегиска намера на неговата ВМРО-ДПМНЕ, намера со која наместо во ЕУ, упорни се да нè вратат во историскиот билатерален софиски скут и затоа, наместо вакви анкети местенки, конечно, бар за миг, смогнете некоја сила, некаква мала совест и кажете им на македонските граѓани, посебно на Македонците дека пак ги мамите затоа што многу добро знаете дека таквите измени, не 50%, туку дека 100% нема да минат кај бугарските политичари па, оттука, тоа дека 50% од граѓаните биле за одложено уставно дејство е само уште една додадена вредност на вашите антимакедонски манипулации и, аман веќе – доста лажете.