ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Детето забележува однесување и реакции повеќе отколку што родителите си мислат

November 6, 2024 14:47
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Да се ​​биде родител не е лесно бидејќи има многу работи за коишто тој / таа треба да се грижи. Меѓутоа, понекогаш родителите не се свесни дека децата ги забележуваат малите нешта што ги правиме за нив или пред нив. Ниту еден родител не може да му понуди совршено детство на своето дете, но малечкото, обично, е природно интуитивно, што значи дека забележува ситници во однесувањето и емоционални реакции многу повеќе отколку што родителите си мислат.

Недоследност во почитувањето на правилата

И да се ​​биде доследен родител, меѓу другото, е исцрпувачки напорно, но носи големи „награди“ во корист на очекувањата за однесувањето на детето, но и неговата доверба и послушност. Децата забележуваат кога родителот вели едно, а прави друго. Тие можат да препознаат кога некое правило не се спроведува како што е договорено. Недоследноста е збунувачка бидејќи им отежнува на децата да се чувствуваат безбедно и целосно да им веруваат на своите родители.

Рутински промени

Децата уживаат во рутината, поради што можат да забележат и најмала промена во нивниот дневен распоред. Поставувањето рутина не мора да биде сложено… Може да биде едноставно, како читање книга пред спиење или слушање музика за време на појадокот.

Рутините може да послужат за практични цели, на пр. – да им се покаже на децата важноста од извршување на домашните работи. Тие исто така имаат и симболично значење за семејството, помагајќи им на родителите и децата да се чувствуваат емотивно поврзани еден со друг, пишува порталот „Кликс“.

Не толку прикриена напнатост меѓу родителите

Децата можат да препознаат кога односот на нивните родители е затегнат. Тие ја забележуваат суптилната напнатост повеќе отколку што многумина мислат. Детето обрнува внимание и на најмалите промени во комуникацијата и емоционалните знаци, заедно со говорот на телото на неговите / нејзините родители.

Семејна кавга, дури и кога е неискажана, може да создаде атмосфера на напнатост во домот што може да ги остави децата збунети и емоционално несигурни. Објаснувањето дека само затоа што нивните родители се караат – не значи дека не се сакаат, може да го смири детето.

Неприсуство

Родителството бара ниво на присуство коешто не секогаш е лесно да се обезбеди… На крајот на краиштата, некој мора да подготви вечера и да се погрижи облеката да е здиплена. Покрај домашните работи, возрасните имаат и други обврски. Можеби е мала работа, но децата забележуваат кога нивните родители се презафатени со други работи…

Иако не е сосем реално да се очекува родителот никогаш да не гледа во телефонот, пореткото користење секако може да биде полезно во оваа смисла.

Љубезност

Потегот на љубезност е уште една ситница што децата ја забележуваат, а возрасните ја занемаруваат. Секој ден, всушност, децата учат како да бидат љубезни, па бараат и гледаат примери во тоа кај родителите, наставниците, нивните врсници итн.

Квалитетно време заедно

Може да биде тешко да се вклопи семејното време меѓу обврските – како училиште, работа и сите секојдневни задачи, но трошењето издвоено време заедно им помага на децата и родителите да останат поврзани. Децата забележуваат кога родителите се расеани и ги ценат миговите на забава и заедништво.

Родителите и стресот

Меѓу многуте предизвици на родителството, и тоа – да се остане емотивно силен, е голем предизвик. Децата набљудуваат како нивните родители се справуваат со стресот и затоа често се склони да ги одразуваат реакциите и односот што ги учат од своите родители.

Next Post

Укинувањето на ДДВ за основните прехрамбени производи - подобрување на животниот стандард на граѓаните

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Дрон повторно го затвори аеродромот во Брисел

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Три лица загинаа во напад на американската армија во Карипско Море

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk