По изборната победа во сојузната држава Висконсин републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и официјално победи во изборната трка со демократската кандидатка Камала Харис, јавија американските медиуми.
Трамп доби 10 електорски гласови во Висконсин, што му дава вкупно 277 електорски гласови, пренесе Си-Ен-Ен.
За победа на претседателските избори му беа потребни најмалку 270 електорски гласови.