ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Антонијо Милошоски со меморија на златна рипка допрва ќе гради силна релација и партнерството со САД

November 7, 2024 15:13
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

До каде ќе одат со колективната делузија и комплетното губење на контакт со реалноста, истовремено „спрдајќи“ се со интелигенцијата на голем дел од граѓаните на земјава, ставајќи ги во ист кош со нивните „заслепени“ приврзаници со меморија на златна рипка, лесни за манипулација.

Антонијо Милошоски, долгогодишен висок функционер, пратеник, министер (што ќе рече цел живот закачен на буџетот на државната …) од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, мртов ладен измисли топла вода, и по повеќедецениска тесна и плодна соработка на Македонија и САД, сега изјавува дека токму неговата партија почнала да гради силна релација со САД, партнерство од важен национален интерес.

Милошоски напомена дека актуелната македонска Влада е во блиски релации со членови од тимот на Трамп, така што партнерството со САД е од важен национален интерес.

„Сметам дека актуелната Влада во Македонија има една предност. Предноста е што постојат и лични познанства пред да се стапи на било каква должност. Во тимот на Трамп и премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Муцунски и други нивни сооработници имаат лични познанства со добар дел од луѓето кои што се блиски во кругот на опкружувањето на Трамп“, се фали Милошоски.

Really? Зарем заборавил дека земјава има силна поддршка од САД уште пред администрацијата на Бајден, и за време на администрацијата на претходното претседателствување на Трамп (токму во тој период се случи Преспанскиот договор и земјава го смени името во Северна Македонија), и во сите предходни администрации на САД уште од времето на осамостојувањето на земјава.

Милошоски дополнително додава дека премиерот Мицкоски остварил средби со одредени соработници на Трамп, меѓу кои акцент се стават на извесен Лутник, (кој бил на бината до новиот американски претседател) на кои се разговарало за проекти кои се од стратешки интерес и ќе овозможат дополнителен развој на нашата економија и зголемување на животниот стандард на граѓаните… Дали Милошевски тука  можеби мисли на проектите како Бехтел и Енка, зад кој и физички стои амбасадорката на САД, и сега кога шефот на Милошоски го подрржува проектот како стратешки важен за иднината на земјата, но стоеше и кога владата на СДСМ и ДУИ го договори и го потпиша истиот овој проект, само што тогаш „најпатриотската“ партија, од позиција на опозиција, го сметаше за криминал и предавсто на националните интереси.

Поддршката од САД е воспоставена одавна, и беше од круцијално значење за опстанокот на Македонија како држава уште од осамостојувањето, и истата има континуитет, без разлика кој е на власт во Македонија. Сосема спротивно на овдешната пракса за „осознавање“ на стратешките партнери и интереси на државава, во зависност од тоа дали одредена политичка опција е на власт или опозиција.

П. С. Соединетите Држави ја признаа Македонија во 1994 година под привремената референца ПЈРМ, а во 2004 година почнаа да ја именуваат со нејзиното уставно име.

„И бев горд кога Соединетите Држави ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име во 2004“, ќе напише поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш во писмото до граѓаните на Република Македонија во 2018 година, потсетувајќи дека: „уште од првиот ден на независноста на вашата држава, Соединетите Американски Држави се ваш постојан пријател“

За потсетување на оние со кратко паметење: И во 1994, и во 2004 година, македонската влада НЕ ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post

Велика Британија ќе склучи договори со С. Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk