ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Археолошки истражувања: Трескавец се потврдува како милениумско духовно светилиште и живеалиште

November 10, 2024 12:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најновите археолошки истражувања го потврдуваат Трескавец како милениумско духовно светилиште и живеалишен комплекс со стратешко значење, констатираат од Институтот за старословенска култура од Прилеп кој ги заокружи годинашниве археолошки истражувања за античката населба Колобаиса на Трескавец. Воедно, Институтот, преку проект на Министерството за култура за првпат направи виртуелна прошетка на Трескавец која секој заинтересиран може да ја види на веб страницата на Институтот.

-Нашите археолошки истражувања се, на некој начин, продолжување на она што се прави во континуитет веќе една и пол деценија, во однос на откривањето на оние постари слоеви за егзистенцијата на овој простор кој во средниот век добива манастирска функција преку манастирот Трескавец. Овие истражувања се за да се заокружат претходните. Всушност, се дефинира целокупниот обем на античката населба и претставуваат основа за понатамошни, детални истражувања. Со самото откривање на овие постари слоеви на живот кој овде егзистирал уште од антиката, се покажува оној континуитет што го има користењето на просторот веќе два и пол милениума. И во духовна и во живеалишна функција, вели Александар Василески, директор на Институт за старословенска култура од Прилеп.

Досега се откриени делови од  некогашниот централен дел од античката населба Колобаиса во кој подоцна е адаптиран и изграден манастирот Трескавец. Откриени се и делови од влезната партија на  населбата, станбени објекти и со овие истражувања, генерално, се дефинирани сите карактеристики кои ги имала римската и доцнаантичката населба, додека со истражувањата во внатрешноста на манастирскиот комплекс, се дефинирани некои од пораните фази од егзистенцијата на Манастирот, почнувајќи од 12,13 и 14 век.

Христијан Талевски од Институт за старословенска култура објаснува дека проектот за виртуелната прошетка на комплексот Трескавец, светски заштитено културно наследство,  е со идеја да се обезбедат релевантни информации и да се комуницира на соодветен начин со пошироката јавност. Тоа е голема туристичка актрактивност.

-Виртуелната тура има за цел да се допре до повеќе категории посетители. Една од целите е и да се подигне нивото на свест за значењето на  остатоците од минати човечки активности. Виртуелната прошетка е слободно достапна за секого. Преку интернетот и притискањето на копчињата, се доаѓа до различни позиции на целиот комплекс Трескавец, вели Талевски.

Трескавец е возобновен по пожарот од 2013 година. Останува да се доизгради водоводот за што локалните власти најавуваат дека за брзо ќе биде завршен проектот. Инаку во тек е проект за заштита на манастрирската црква „Успение на Превета Богородица“ каде прво треба да се реши најголемиот проблем кој може да направи неповратна штета – влагата која може да ги уништои фреските.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: археолошки истражувањаПрилепТрескавец
Next Post

(ВИДЕО) Тренчевска: Власта најавува нова кошничка што ќе ги намали цените за 0.1%

НАЈНОВО

AirFlow Music Festival во Прилеп со хуманитарна мисија за настраданите во Кочани

September 4, 2025

Владимир Грчев освои златен медал на Европската олимпијада по информатика во Шумен

September 4, 2025

За Прилеп Проданоски, во Центар и Куманово ќе поддржат кандидати од ЗНАМ: ВМРО-ДПМНЕ предложи уште 16 кандидати за градоначалници

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk