ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачки си ја заврши задачата, со недолично однесување ги попречи новинарите да земат изјава од директорот на АНБ

November 12, 2024 15:56
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Јавноста не успеа да го слушне директорот на АНБ Бојан Христовски откако собраниската Комисија за надзор врз работата на разузнавачките служби не успеа да ја одржи закажаната седница свикана по иницијативата поднесена од СДСМ на која требаше да се разгледува единствената точка на дневен ред , за како што велат незаконското назначување на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Претседателот на Комисијата Скендер Реџепи ја одложи седницата бидејќи членот на комисијата од ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки побараа дневниот ред да се дополни со уште две точки,

Во драмолетката со цел одолговлекување на седницата, Ковачки го обвини Реџепи дека се однесува ,,диктаторски, и оти не може Комисијата да не оди во контрола се додека тој не добие сертификат, посочи примери на пратеници што цел мандат го чекале документот. Тој побара да се стави на гласање предлогот за дополнување на дневниот ред, но претседателот на комисијата, инаку коалиционен партнер на ВМРО-ДПМН во Владата, тоа не го дозволи.

По ова, при излегувањето од седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ на директорот Бојан Христовски, кон него се упатија новинари на Сакамдакажам и Независен.мк зада земат изјава, но беа попречени од  пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој на недоличен начин не им дозволи да си ја обават својата професионална должност.

Обидот на новинарката на Сакамдакажам.мк, Соња Делевска да земе изјава од  Христовски, беше прекинуван од Ковачки со довикување:

„Директоре, ајде, ве чекаат”.

Во моментот кога Христовски  требаше да одговори на прашањето на новинарката дали го доставил до Антикорупциската комисија ТОЕФЛ-сертификатот од Пловдив, со оглед на тоа дека рокот е до задутре (четврток), Ковачки кој не успеа да го одвлече Христовски, ѝ дофрли на новинарката, да го исклучи го микрофончето, обвинувајќи ја дека снима, покажувајќи на мобилниот телефон кој таа го држела во раката.

По ваквиот нецивилизиранчин на Ковачки, новинарката, иако не е обврзана да го направи тоа, му го подалажа својот телефон на Христовски со зборовите.

„Еве првиот човек на тајните служби нека провери дали снима овој телефон. Проверете директоре, ве молам, и кажете му на овој параноик”, бараше Делевска од директорот Христовски, на што тој одговорил дека нема потреба и ѝ го вратил телефонот.

Но, недоличното однесување на пратеникот Ковачки не престанало тука, туку тој продолжил да дофрла:

„Снимаш, снимаш на микрофончето”, па новинарката телефонот од рацете на директорот на АНБ му го дала и на пратеникот Ковачки.

И тој одбил да провери дали разговорот со Христовски бил сниман, по што го симнал директорот на АНБ по други скали.

Ова не е прв пат пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Ковачки да сеоднесува недолично во законодавниот дом. Остана запаметен неговиот неуспешен обид, облечен со маичка со испечатено НЕ ( оваа година ја заборави маичката при посетата на Фон дер Лајен) од собраниската говорница да го запали листот со францускиот предлог, па откако не му палеше запалката, се изнервира и го искина листот хартија, ја клеветеше поранешната министерка за одбрана за што беше и осуден и се расправаше со медиумите кој го објавија документот од НАТО дека Алијансата го одбила пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за безбедносен сертификат во 2019 година.

Next Post

Маск доби позиција во администрацијата на Трамп

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk