Снежно ноемвриско утро, партизаните од 12-та, 3-та и 16-та бригада се спуштаат од Водно. Главните битки се водат на улица „Илинденска“ кај главната пошта, Офицерскиот дом и кај Старата железничка станица. Битките се водат без артилерија, со улични борби пешадија.
Германците ги имале минирано сите значајни објекти како што биле: зградата на Железничката станица, Кранговата палата, палата Бановина (зграда на Претседателството), дирекцијата на полицијата, Народната банка, домот на армијата, учителската школа и неколку други згради крај кејот на Вардар, вклучувајќи ги и сите мостови во градот. Сите објекти во кои биле позиционирани германските сили биле опколени со бодликави жици, била поставена кружна одбрана и минирани пристапи до самите објекти.
Последната битка се води во Учителската школа, денешна општина Центар. Таму биле заробени 86 германски војници. Со нејзино ослободување кончено се прогласува цело Скопје за ослободено.
Победата над непријателот во Скопје е дочекана со солзи радосници и цвеќиња. Партизаните на коњипарадирале низ градот.
Животот го загубиле 426 борци од кои 8 жени и 418 мажи. Животот го загубиле и цивили кои во текот на битките застанале и го бранеле Камениот мост.
Марија Тодоровска/Нова ТВ