ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мамер: ЕК не го коментира процесот на потврдување на новите еврокомесари, Фон дер Лајен има доверба во Рибера

November 13, 2024 14:07
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Европската комисија не ја коментира постапката и деталите од процесот за одобрување на номинациите на новите еврокомесари во Европскиот парламент, изјави денеска главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер во одговор на прашање околу одлагањето на потврдувањето на шестмината кандидати за потпретседатели на Комисијата.

Како што претходно јави МИА, лидерите на Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ се договорија за одлагање на седниците на ресорните комитети на ЕП за потврда на номинациите на кандидатите за нови потпретседатели на ЕК, чии сослушувања се одржаа вчера, со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“.

На прашање дали претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се согласува со забелешките на нејзината Европска народна партија (ЕПП) изнесени на сослушувањето на кандидатката за извршна претседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност, Шпанката Тереза Рибера Родригез, поврзани со поплавите во Шпанија, Мамер одговори дека ЕК не ги коментира дискусиите на сослушувањата за челнови на новото извршно тело на ЕУ.

– Таа е кандидатката за комесарка предложена од Шпанија и претседателката има доверба во госпоѓа Рибера. Сега сме во фаза во која Европскиот парламент треба да ги потврди сите комесари предложени од претседателката и тоа е се што имаме да кажеме за ова во моментов, рече Мамер.

Запрашан за детали од средбата на Фон дер Лајен со политичките лидери на „Да ја обновиме Европа“ и СД по одлагањето на потврдувањето на номинациите на кандидатите за потпретседатели на ЕК, Мамер одговори дека таа постојано има средби со претставници на Европарламентот и дека ЕК не објавуваа детали од сите тие разговори. Тој додаде дека е уверен оти доколку членовите на ЕП и пренеле некаква порака на Фон дер Лајен, таа ќе ја земе предвид на соодветен начин.

– Се надеваме дека новиот Колеџ на комесари ќе може да започне со работа што е можно поскоро, потенцира Мамер.

Tags: еврокомесариЕКМамер
Next Post
Фото: А. Мехмети / ЦивилМедиа

(ВИДЕО) Зајкова за ЦивилМедиа: Не сум многу воодушевена од буџетот и жално е што секогаш проектираме буџети кои имаат централизирана фискална политика

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk