„Значи оние кои вработуваат 80% од сите вработени во државата не заслужуваат поддршка, а оние кои го носат профитот надвор, тие заслужуваат поддршка? Знаете ли дека оваа политика на запоставување на домашните компании на сметка на странските донесе огромна сиромаштија и нееднаквост, ниски плати и потценување на домашните компании и работници. Сега ја враќате истата таа политика. Мислите дека е ова фер кон домашните компании? Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2025 се враќа, 4 години назад во поддршката на домашните компании“ рече Филипче, претседател на СДСМ.
Оваа политика на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ значи запоставување на домашните компании, а фаворизирање на странските. Филипче истакна дека со ваквиот Буџет не само што ги става домашните компании и работници во незавидна позиција, туку води кон економска нееднаквост, ниски плати и постојана потценета вредност на домашните ресурси. Според претседателот на СДСМ, Буџетот за 2025 година, земјата се враќа на истата неефикасна и несоодветна политика што ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.
Претседателот на опозицијата смета дека од клучна важност е поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место.