Министерството за здравство во вторникот формирало Комисија за случајот со починатото петгодишно дете, информираше денеска министерот Таравари.
– Со директорот на Детска клиника утрово се слушнав повторно. Комисијата е формирана во вторникот од Министерството за здравство. Уште еднаш ќе повторам дека сите резултати што се направени, барем јас зборувам и како лекар и покачената концентрација на протеини во ликворот на за жал починатото дете и намалената концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ кај што доминираат бавни бранови, упатува на сериозен сомнеж за енцефалит. Меѓутоа, да оставиме Комисијата, не би сакал да давам изјави пред да има официјален извештај од компетентни педијатри кои веќе се назначени од Клиниката за педијатрија за да направат увид во целата документација за тоа како се третирало детето, истакна Таравари.
На прес-конференција министерот соопшти дека во тек е процедурата за вработување на првите 300 специјализанти кои беа ветени до крај на годината.
-Јас се надевам дека до крајот на годината првите 300 ќе се вработат бидејќи има и одлука на Владата, така што воопшто да не се сомневате во тоа дека целата процедура тече и тоа го знаат специјализантите. Викнете неколку од нив и зборувајте ќе ви кажат дека сепак има некаква процедура, а 300 други ќе се вработат идната година и таков беше планот 300+300, меѓутоа и овие 600 нема д бидат доволни за тоа колку недостасува медицински кадар – лекари и средномедицински кадар во здравствениот систем, рече тој, како одговор на новинарско прашање