Пишува: Зоран Иванов
Денеска судот речиси за никаква наводно клевета го принуди новинарот Џабир Дерала да му се извини на директорот за програма на ТВ Канал 5, Иван Мирчевски за наводна навреда во новинарски текст па ако е тоа правда нека е, човекот му се извинил извинетиот пресреќен, силна некоја сатисфакција од колега за колега ама прашањето на кое авторот на оваа една реченица не бара одговор зашто за кај нас, нормално, нема да го добие ама гаи надеж барем дека поради прашањето нема да стаса на суд како колегата Дерала, отприлика гласи кога тоа не на Џабир, Бранко, Ема, Ерол, Данкс, Љубо и редица други, програмскиот на Канал пет тв и другите првенци уредници од македонските национални телевизии ќе им се извинат на граѓаните гласачи наместо да бидат брана за лагите како што и му доликува на новинарството, да им се извинат што непречено и без да посочуваат на нелогичностите во ветувањата и за Северна и за Јужна и преспанскиот и за бугарскиот и за платите и за минималецот и за тутунот и за …, тие беа понтонскиот мост преку кој без пречки до гласачите допреа лажните патриотизми и флуидни ветувања, но еве, времето е погодно за покајување и извинување па нека се окуражат ако троа доблест имаат.
Преземено: Цивил Медиа