Републиканскиот сенатор од Флорида Марко Рубио е номиниран за нов државен секретар на САД, објави новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
„Чест ми е да објавам дека го номинирам сенаторот Марко Рубио за државен секретар на САД. Марко е многу почитуван лидер и силен поборник за слободата. Тој ќе биде добар претставник на нашата земја, вистински пријател на нашите сојузници и внимателен воин кој никогаш нема да отстапи од нашите непријатели“, наведе Трамп во изјавата.
Рубио на мрежата Х напиша дека „голема е одговорноста да се води Стејт департментот и дека е почестен од довербата што му ја дал претседателот Трамп“.
Leading the U.S. Department of State is a tremendous responsibility and I am honored by the trust President Trump has placed in me. As Secretary of State, I will work every day to carry out his foreign policy agenda. Under the leadership of President Trump we will deliver peace…
— Marco Rubio (@marcorubio) November 13, 2024
„Ќе работам секој ден на спроведување на неговата надворешнополитичка агенда. Под водство на претседателот Трамп, ќе донесеме мир преку сила и секогаш ќе ги ставаме интересите на Америка на прво место“, напиша републиканскиот сенатор.