Европската фудбалска унија (УЕФА) почна истрага против англискиот фудбалски судија Дејвид Кут, по објавувањето видео на кое наводно се гледа како користи кокаин за време на Европското првенство кое ова лето се одржа во Германија.
„Етичкиот и дисциплинскиот инспектор на УЕФА ќе процени потенцијално прекршување на дисциплинските прописи на УЕФА од страна на судијата Дејвид Кут“, се вели во соопштението на УЕФА.
Кут беше асистент во ВАР собата на осум натпревари на Европското првенство.
Британскиот весник „Сан“ во средата објави видео на кое се гледа како Кут консумира кокаин, користејќи банкнота од долар.
Oh no, David Coote caught doing cocaine, he’s really is finished as a referee!
The video is apparently from the 2024 Euros where he was officiating 😳pic.twitter.com/OEnrTMtSu1
— Football Hub (@FootbalIhub) November 13, 2024
Во извештајот се наведува дека инцидентот бил снимен еден ден по четвртфиналето меѓу Португалија и Франција.
Претходно, Кут беше суспендиран од англиското судиско тело во понеделникот и е под истрага, откако на друга снимка се гледа како тој дава навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп.
Recorded footage of David Coote calling Liverpool “sh*t” and Jurgen Klopp a “c*nt”.
— Anfield Edition (@AnfieldEdition) November 11, 2024
Дејвид Кут истакнал дека видеото не е оригинално, односно дека се е монтирано, а технолошките експерти во Фудбалската асоцијација на Англија го истражуваат овој случај.
Ј. Ѓ.