ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петта победа во низа за македонската фудбалска репрезентација, Милевски смета дека има простор за напредок

November 17, 2024 17:52
in ДЕНЕС, СПОРТ
Фото: ЕПА/МИА

Фото: ЕПА/МИА

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Натпреварот го одлучи Бојан Миовски кој ја затресе противничката мрежа во 62. минута.

– Задоволен сум од епилогот на натпреварот и во групата. Целта ни беше првото место и ја остваривме. Тие одиграа одличен натпревар, беше тешко да ги пробиеме. Останавме смирени и трпеливи и дојде таа шанса што ја искористив и донесов победа за Македонија. Чест е да се игра за репрезентацијата. Атмосферата во националниот тим е одлична и очекувам уште поголеми успеси во иднина, изјави Миовски, по натпреварот.

За избраниците на селекторот Благоја Милевски ова е петта победа по ред, сите пет без примен гол.

Со трите освоени бода Македонија го освои првото место во четвртата група Ц-сегмент од Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ групата ја завршија со 16 бодови и гол-разлика 10:1. Второто место и припадна на Ерменија која по денешната победа (2:1) над Летонија стигна до седум бода. Фарски Острови се трети со 6 бода, Летонија е последна со 4 бода.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од настапите во групата од Лигата на нации, но смета дека има простор за напредок.

– Знаевме дека не очекува уште потежок натпревар од оној со Летонија пред неколку дена. Сите наши фудбалери заслужуваат максимална почит од сите нас. Исто така заслужуваат нормални услови за игра. Овој терен не е пружа нормални услови. Апел до надлежните да се позанимаваат со ова прашање. Што се однесува до нашата репрезентација, ние бевме во фаза на подмладување, го правевме тоа во од. Можам да кажам дека формиравме тим од комбинација на искусни и млади фудбалери со голем потенцијал. На добар пат сме, но има уште простор за напредок, изјави Милевски.

Македонија во следното издание на Лигата на нации ќе игра во Б-сегментот.

Tags: МакедонијаФарски Островифудбал
Next Post

(ВИДЕО) Синер го победи Фриц во финалето на Завршниот АТП-турнир

НАЈНОВО

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk