ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ одвои пет милијади евра за студентска размена и соработка во образованието и спортот преку Еразмус+

November 19, 2024 14:26
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија донесе одлука да одвои околу 5 милијарди евра во рамки на нејзината програма Еразмус+ наменети за поддршка на студентска размена во странство и за партнерства за соработка во образованието, обуката, младите и спортот во 2025 година и објави конкурс за проекти за учество во распредлбата на овие средства.

Право на учество на конкурсот со свои проекти имаат и јавни и приватни институции од сферата на образованието, обуката, младите и спортот од Северна Македонија, која е опфатена со програмата Еразмус+ заедно со сите 27 членки на ЕУ, трите држави од ЕФТА – Исланд, Лихтенштан и Норвешка, како и Србија и Турција.

Одвеоената сума за следната година е за 6,5 отсто повисока од обаа што беше наменета за проекти од конкурсот за оваа година.

Според потпретседателот на Европската комисија за промоција европскиот начин на живот Маргаритис Схинас, преку Еразмус+, ЕУ не ги поддржува само образованието и мобилноста, туку ги промовира и вредности што ја обединуваат Европа, како што се солидарноста, инклузивноста, демократијата и почитувањето на човековите права.

– Додека сме свртени кон иднината, Еразмус+ ќе продолжи да ги поддржува овие фундаментални вредности, помагајќи да се изгради Европа која е покохезивна, отворена и обединета во различностите, додаде Схинас.

Еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова истална дека Еразмус+ е една од најуспешните приказни на ЕУ, која ги трансформира животите и ги поврзува луѓето преку образованието, обуката и спортот речиси четири децении.

– Со петте милијарди евра наменети за програмата во 2025 година, ги прошируваме можностите за учење во странство и поттикнуваме поголема вклученост и соработка низ Европа. Додека продолжуваме да поддржуваме милиони учесници, вклучително и оние со помалку можности, Еразмус+ останува во центарот на градењето на посилна, пообединета и напредна Европа, заклучи Иванова.

Од создавањето на програмата Еразмус+ во 1987 година, ЕУ досега финансиски поддржа преку 16 милиони учесници на нејзините конкурси. Сега Еразмус+ дополнително е посветана на поддршка на поединци со помалку можности, поради што фокус е ставен на иницијативата „Европа во движење“, која поставува амбициозни цели за зголемување на мобилноста и учеството пред се на недоволно застапените групи.

Дополнително, Еразмус+ продолжува да поддржува различни модели на соработка, како планот за „европска диплома“, односно признавање на стекнатите квалификации надвор од границите на матичната земја и за унапредувањето на соработката помеѓу високообразовните институции и студентската размена како дел од напорите за изградба на поинтегриран европски образовен систем.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Еразмус плусЕУ

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk