ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи

November 19, 2024 16:01
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

 Властите во Барселона уште во јуни најавија укинување или ограничување на изнајмувањето станови на туристи до крајот на 2028 година. Во таа смисла, градоначалникот Жауме Колбони го опиша тој потфат како „драстичен“, но многу потребен потег за да се ограничат зголемените трошоци за домување.

– Тоа е многу драстично, но мора да биде така, затоа што состојбата е многу тешка… Во Барселона, како и во другите големи европски градови, проблем број еден е просторот за домување. Последниве 10 години цените за изнајмување станови во градот се зголемени за 68 отсто, додека трошоците за купување куќа се зголемени за 38 отсто, рече Колбони.

Имајќи го тоа на ум, градоначалникот почна да ја разгледува „Лиценцата 10.101“ што градот ја додели и дозволува непосредно сместување туристи преку платформи како „Ер-БНБ“ (Airbnb).

– Во моделот на масовен туризам којшто „го колонизираше“ центарот на градот, правото на пристап до домување е загрозено, бидејќи домувањето се користи како дејност за повисока заработка, рече Колбони.

Додека некои луѓе критикуваат оти би требале години за мерката да стапи во сила, Колбони се одлучи за временска рамка од 2028 година, кога истекуваат сегашните лиценци во Барселона. Намерата е едноставна: Градот да не обнови ниту една од тие дозволи за изнајмување заради сместување туристи.

Сепак, мандатот на сегашниот градоначалник истекува во 2027 година, па планот може да биде откажан, доколку дојде до промена на власта. Колбони се надева дека планот ќе резултира со враќање на повеќе од 10.000 имоти на пазарот на домување.

Организацијата „Апартур“ ги застапува компаниите за управување со просторот и сопствениците. Оттаму го оценија планот на Градот како „тајна присилна експропријација“, па во септември објавија дека имаат намера да поднесат тужба за изгубените приходи и инвестиции. Планот на Градот треба да го оцени и Уставниот суд.

Next Post

Маскирани двајца крадци упаднале во замокот „Виндзор“

НАЈНОВО

КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

August 21, 2025
Фото: МИА

Првата награда „Златен стрип“ за Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ Маза и Аљоша Томиќ од Србија

August 21, 2025

Николоски – Наѓ: Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет на Македонија и Унгарија

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk