Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје интервенирале на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, каде што се отстранети приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани на улиците Лихнида, Ѓорче Петров и Никола Пушкаров – во непосредна близина на објектот на старата општина.
Како што информираат од ЈП Комунална хигиена – Скопјем воедно, подигнати се и околу 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад од сообраќајна површина на улицата Цветан Димов во скопската општина Чаир.