Здравствената превенцијата не само што спасува животи, туку е клучна за квалитетот на животот на секој граѓанин, истакна во објава на Фејсбук, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„На денешната Национална конференција „Здравствени политики за сите“ ја истакнав важноста на учеството на граѓанските организации во подготвката и промоцијата на здравствените превентивни програми и поддршката за најранливите категории. Во периодот кога СДСМ ја предводеше Владата, покажавме дека со одговорни политики и инклузивен пристап може да се изгради здравствен систем кој обезбедува бесплатна и квалитетна грижа за жените и децата од социјално ранливи категории. Се фокусиравме и на превентивните програми за поголем опфат на граѓаните и навремено справување со здравствените предизвици. Тоа е пример за систем кој вистински се грижи за сите, и тоа е патот што мора да го следиме – здравствени услуги достапни за секого!“, напиша Филипче