ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложба „Украина, Љубов и Војна“ – љубовни приказни од фронтот, во организација на Фондација Отворено општество

November 22, 2024 17:22
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград минатата недела беше отворена изложбата „Украина, Љубов и Војна“ која е инспирирана од истоимената книга издадена од организацијата Фото Евиденција.

Изложбата е организирана од Фондацијата за отворено општество која е меѓу првите фондации кои ја поддржале Украина уште од 1991 година, кога Украина стана независна држава и кога новооснованата украинска демократија имала потреба од зајакнување.

Во изјава за Трн.мк извшрната директорка на Фото евиденција и кураторка на изложбата Светлана Бацеванова, вели дека љубовните приказни во книгата „Ukraine: Love+war“ претставуваат светли точки во најмрачните времиња.

„Тие за цената на војната зборуваат универзален јазик. Овие приказни ни помагаат да разбереме што многу Украинци на личен план секојдневно ризикуваат да го изгубат“, рече Бацеванова.

Фотографи чии фотографии се наоѓаат на изложбата, преку изјави ги споделија сведоштвата од нивната работа во Украина.

-Ако луѓето кои ги фотографирате умрат, прво што треба да направите е да им ја дадете фотографијата на семејството, затоа што тоа е последниот спомен од таа личност. Ако сте сведок на убиство, навистина е комплицирано, но вие сте фотограф и си ја работите работата и покрај тоа што е тешко треба да се фокусирате на вашата работа и да се трудите да не гледате поинаку на тоа што се случува. Ако почнете да гледате поинаку нема да можете да го сработите. Треба само да се фокусирате и да го одработите, вели за Трн фотографката Гаел Гирберс.

За тоа колку е важна работата на фотографите за време на војна, зборуваше и фотографот и новинар Евегени Малолетка

-Моја работа е да прaвам фотографии и да ги покажам фотографиите на светот. Да бидам гласот на народот, затоа што мислам дека документите на воените злосторства во војната мора да се документираат колку што може повеќе, затоа што иако не е праведно за сите оние кои се убиени, кога сите овие фрагменти од војната ќе се соберат и луѓето нема да го заборават ова, затоа што фотографиите остануваат со нас засекогаш. Сме биле сведоци на многу работи. На смрт, на повреди и сето тоа влијае на нас и на луѓето кои работат со траума, физичка или ментална траума. Работиме на првата линија на фронтот и гледаме се со свои очи и војната влијае на нас, но имаме мисија и секојдневна задача да продолжиме да им кажуваме на луѓето дека војната продолжува и трае и сите овие слики фотографии и видеа помагаат да не се заборави, вели Малолетка.

На изложбата се прикажани 50 фотографии направени во периодот од 2014-2024 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk