ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Разузнавањето на САД декласифицираше документи за убиства на лица со директни наредби од Путин

November 23, 2024 13:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Националната разузнавачка служба на САД декласифицираше дел од тајни документи, наоди и информации за убиствата во странство на политичките противници на претседателот на Русија Владимир Путин.

Истакнати критичари на Кремљ, и посебно на Путин, изгледа дека имаат ужасна навика да гинат во сомнителни околности. Некои со пад од прозори, или самите си забиле нож, или се отруени, или извршиле самоубиство на начини кои ја поразуват логиката, објави Блумберг.

На барања од новинар на „Блумберг“, извештајот за овие убиства сега делумно е декласифициран. Во документот се наведуваат неколку такви случаи од 2006 година. Според разузнавачките служби, тие биле извршени од руски специјални служби со наредба дадена лично од Путин.

Првиот случај што се споменува во извештајот е убиството во 2004 година во Катар на поранешниот лидер на самопрогласената Чеченска Република Ичкерија, Зелимхан Јандербиев. Извршителите на убиството, припадниците на ГРУ на Министерството за одбрана на Русија, Анатолиј Белашков и Василиј Богачев, беа осудени од судот во Катар на доживотен затвор, но потоа екстрадирани во Русија. Тие требаше да ја дослужат затворската казна во својата , но нивната понатамошна судбина е непозната. Руската Служба за исполнување на казни (ФСИН) во 2005 година изјави дека не знае каде се наоѓаат.

Понатаму, се споменува смртта во 2006 година во Лондон на поранешниот припадник на ФСБ, Александар Литвиненко. Тој беше отруен со радиоактивен полониум и почина од болест предизвикана од зрачење. Истрагата во Велика Британија го посочи офицерот на Главната управа за заштита на Русија, Андреј Лугавој, кој подоцна стана пратеник во Државната дума, како директен извршител на убиството, а самиот чин беше класифициран како специјална операција на ФСБ.

Исто така, како резултат на работата на руските специјални служби, се наведува и смртта во 2012 година во Велика Британија на рускиот бизнисмен Александар Перепеличниј. Тој се сметаше за еден од клучните сведоци во истрагата за можно перење пари од страна на руски официјални лица во Европа и почина непосредно пред да сведочи во судот. Во документот на американската разузнавачка служба се наведува дека тој бил отруен, иако британската полиција, која ја истражуваше неговата смрт, не најде доволно докази за тоа.

Официјални лица од Националната разузнавачка служба на САД во извештајот укажуваат дека Москва користи специјални служби во странство за елиминација на оние што ги смета за закана за режимот на Кремљ и дека постојат податоци за нивна вмешаност во други убиства на негови противници, но податоците за нив не се откриваат. Во документот се наведува дека, според експертите на разузнавачката служба, ваквите убиства најверојатно ќе продолжат и во иднина.

Амбасадата на Русија во Вашингтон не одговори на барањата на „Блумберг“ за коментар.

Новинарите на британското издание „Базфид њуз“ претходно истражуваа 14 смртни случаи во Велика Британија, кои, според нивните сознанија, можеле да бидат „нарачани“ од руските власти.

Tags: ПутинСАДубиства
Next Post
Фото: Фронтлајн

Приватните превозници од Скопје од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

    Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk