Англискиот шампион Манчестер Сити го претрпе петтиот последователен пораз во сите натпреварувања откако на домашен терен загуби од Тотенхем со 4-0.
На стадионот „Етихад“, тимот од Лондон одигра еден од своите најсилни натпревари во сезоната и заслужено забележаа победа која можеше да биде уште поголема да не беа добрите одбрани на домашниот голман Едерсон.
Од своја страна, Манчестер Сити ја создаде најголемата опасност пред Гуљелмо Викарио дури во последниот половина час од натпреварот, кога Тотенхем веќе имаше предност од три гола.
Со победата, Тотенхем се искачи на шестото место во поредокот со 19 бодови, додека Манчестер Сити останува на втората позиција со 23 бодови. Сепак, „граѓаните“ се на пет бода од лидерот Ливерпул пред судирот меѓу двата тима за една недела, а „црвените“ имаат и натпревар помалку.