ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Договорот за финансирање на климата КОП29: Зошто сиромашните земји се толку лути

November 27, 2024 12:42
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

По две недели жестока борба, речиси 200 земји се согласија на нова цел за собирање пари за справување со климатската криза на КОП29, 29-та годишна Конференција за климатски промени на ОН во Баку, Азербејџан.

Богатите земји се согласија да го преземат водството во плаќањето 300 милијарди американски долари годишно на најсиромашните земји до 2035 година од различни финансиски извори (јавни, приватни, меѓу земјите и преку мултилатерални извори како што се развојните банки). Ова е помалку од една четвртина од тоа што го побараа земјите во развој и не е во облик на пари од грантови што се без обврски што им се потребни.

Нема консензус за тоа како да се дефинира „климатското финансирање“ во рамките на Рамковната конвенција на Обединетте нации за климатски промени (УНФЦЦЦ), процес на ОН за преговарање за договор за ограничување на глобалното затоплување. Развиените земји претпочитаат шаренило од јавни и приватни извори на финансирање, вклучувајќи заеми и „замена на долгови“ (намалување или простување на долгот на една земја во замена за таа земја да инвестира средства во проекти што ја штитат животната средина или се борат против климатските промени). Нивното претпочитање се одразува во конечната одлука на КОП29.

Истите тие развиени земји се одговорни за најголемиот дел од емисиите на стакленички гасови што ја загреваат Земјата на опасни нивоа. Земјите во развој побараа дел од нивното огромно богатство за да им помогне да ги намалат емисиите, да се прилагодат на влијанијата на затоплувањето на климата и за да се справат со последиците од постоечките катастрофи (што главно се нарекува загуба и штета). УНФЦЦЦ проценува дека на земјите во развој им се потребни 5 до 6.9 билиони американски долари за да ги спроведат своите национални климатски планови до 2030 година.

Првобитата цел за климатското финансирање беше поставена во 2010 година и истекува во 2025 година. Ова ги охрабруваше богатите нации да префрлаат 100 милијарди американски доалри годишно на земјите во развој, но истата беше исполнета за прв пат дури во 2022 година.

Преговарачите од сиромашните земји со право се фрустрирани. Додека последниот извештај на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени сугерира дека има доволно пари во глобалната економија за соодветно финансирање на зелената транзиција, финансискиот систем е системски искривен против земјите во развој.

Долг и нееднаквост

Светската банка и другите меѓународни монетарни институции беа основани на крајот на Втората светска војна, пред голем дел од земјите врз кои тие влијаат имаа стекнато независност, доведувајќи ја во прашање легитимноста на глобалниот режим зачнат во колонијалната ера.

Во 2022 година, 58 од најсиромашните земји и климатски најранливите земји во светот потрошиле 59 милијарди американски долари за отплата на долгови во споредба со 28 милијарди американски доалри што ги добиле за климатско финансирање, од кои повеќето од половина биле заеми.

Извор: The Conversation

Преземено: Грин Цивил 

Next Post
Фото: Влада

СДСМ: Апсурд од премиерот - Мицкоски врши партизација ветува деполитизација

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk