ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кривична пријава против четири лица за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца

November 28, 2024 16:41
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднела кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ.

Во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, соопштија денеска од МВР, биле преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што биле обезбедени бројни материјални докази. Биле извршени и претреси кај осомничените, и притоа биле пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.

– Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на „Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената, се појаснува во соопштението.

Со намера  да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, се подвлекува во соопштението, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на „Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути.

– Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко-доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош, соопштија од МВР.

Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила.

Next Post

Планот на Кипар за придружување во НАТО е неприфатлив за Турција

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk