ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните

November 29, 2024 11:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов денеска изјави дека ќе инстистира да се донесат измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните, а фокусот ќе биде ставен на воспоставување, контрола и регистрација на размножувањето на кучињата миленици, како еден од главните фактори за настанување на бездомни кучиња. Тој информираше дека Агенцијата има регистрирано вкупно 139.463 кучиња миленици.

Во Скопје денеска се одржува панел дискусија „Ангажманот на локалната заедница во управување со популација на бездомни кучиња“, организирана од АХВ, а со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Како што изјави Миланов, учествуваат и повеќе институции од невладиниот сектор во државата, невладини претставници од Австрија, како и практичари и еминентни професори.

-Денешната дискусија ќе биде фокусирана на начинот на управување со бездомните кучиња, што е еден од горливите проблеми во земјава. Како одговорна институција, јас како прв човек на Агенцијата, ќе инстистирам на продолжување на измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните. За нас како институција е несфатливо како овој Закон можеше да биде повлечен од собраниска процедура. Со донесување на овие измени и дополнувања, фокус ќе биде даден на воспоставување, контрола и регистрација на размножувањето на кучињата миленици, изјави Миланов.

Како што рече, на решавањето на овој проблем, освен АХВ и општините, посветени се и ветеринарните друштва, сопственици на кучиња, комуналните инспектори.

Миланов информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство има база на податоци, односно индификационен систем во кој се врши регистрација на сите миленици и домашни кучиња. Во моментот, посочи, регистрирани се 139.463 кучиња миленици во државата.

-Согласно законските и подзаконските акти, ние даваме и одобрение за прифатилишта. Во моментот, во државата на целата територија има 29 регистрирани и одобрени прифатилишта. Моја крајна цел е да немаме бездомни кучиња на нашите улици, рече Миланов.

Во однос на внесување на кучиња од село во град, Миланов појасни дека се во секојдневна комуникација со МВР, и имале неколку состаноци за илегалното внесување и извезување на кучиња како и транзит и транспорт низ целата територија на државата.

Претседателот на Ветеринарната комора, Жарко Михајловски пред почетокот на панел дискусијата изјави дека даваат поддршка на носење на измени на Законот за заштита и благосостојба на животните.

-Даваме поддршка да се продолжи процесот и што побрзо да се донесат измените на Законот, со цел да се подобри целокупната ситуација со кучињата скитници, а сите знаеме каква е ситуацијата денес. Сакам да искажам голема благодарност до Австриската амбасада и до нејзиното аташе за нивната поддршка за организирање на оваа панел дискусија. Докторите по ветеринарна медицина секојдневно се вклучени во справувањето со проблемот со кучињата скитници, рече Михајловски.

На новинарско прашање до директорот Оливер Миланов, во врска со случајот кога кај Момин поток беше претепано куче, тој одговори дека веднаш откако се случил настанот, Агенцијата пратила допис со известување до МВР, за насилникот којшто изврши обид за убиство на бездомното куче, и тој беше приведен од страна на МВР.

-Да, веднаш беше побарана изјава од МВР. Ние како Агенција пративме допис со известување до нив за насилникот којшто изврши обид за убиство на бездомното куче. Тој беше приведен од страна на МВР и тие како институција си поведуваат натаму дејствија за истиот, рече Миланов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk