ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Следната недела почнува комуникацијата меѓу Развојната банка со комерцијалните и практичната примена на проектот за унгарскиот заем

November 29, 2024 13:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии е овластено да ги префрли средствата од унгарскиот заем на Македонската банка за поддршка на развојот, која од следната недела треба да ја почне и комуникацијата со комерцијалните банки, со што практично почнува и проектот, односно кредитите за стопанството, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска во Општина Кисела Вода одговараше на новинарско прашање за кои се условите за земање на кредити од овој заем. Тој очекува најмалку 300 милиони евра инвестициски циклус и како што вели, со реаљалоцираните 500 милиони евра за проекти во општините ќе се инвестираат вкупно 800 милиони евра или 5 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), ако се проектира на 16 милјарди евра.

– Секоја компанија ќе може да аплицира до десет милиони евра. Тоа е еден од условите, вториот е да има 20 проценти сопствено учество најмалку, минимум. Опфатени се сите оние проекти коишто ќе значат набавка, монтажа на основни средства за работа, софтвери. Проекти за капацитети од обновливи извори на енергија. Исто така се опфатени сите оние компании, кои што сакаат да инвестираат во административен простор, во магацински простор итн., бидејќи еден производен погон мора градежно да го затворите, ќе мора тоа да го изградите, вели Мицкоски.

Прашан конкретно што  значи достава на фактура од страна на компаниите до банката до којашто ќе аплицираат, Мицкоски вели дека каква што била праксата досега, така ќе биде и во овој случај.

– Мислам дека банките бараат одредени документи, бизнис план итн. и кога ќе соберат едно портфолио го даваат до Македонската банка за поддршка на развојот и тие ослободуваат дел од средствата. Мислам дека така функционира тоа, но не ме држете за збор, иако мислам дека не сум далеку од вистината. Ако треба фактура-фактура, како било порано пракса на банките, така ќе биде и сега. Ние не можеме да бараме нешто што е надвор од праксата, еве ние како држава постигнавме историски најниска камата, изјави Мицкоски.

Премиерот, Мицкоски додаде дека вакви услови коишто се даваат  на компаниите во земјава, ги нема ниту една компанија во регионот, без разлика дали е во Европската унија (ЕУ) или не е во ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk