Најмалку 40 цивили, меѓу кои жени и деца, загинаа синоќа во израелски напад врз станбена зграда во населбата Тел ал Затару, во бегалскиот камп Џабалија, на северот од Појасот Газа, јави палестинската новинска агенција ВАФА.
Агенцијата наведува дека повеќе Палестинци се уште се под урнатините на зградата.
Медицински извори соопштија дека над 100 Палестинци вчера биле убиени во израелските воздушни напади низ Газа.
Најмалку 44.363 Палестинци се убиени, а повеќе од 105.070 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од октомври минатата година, наведува палестинското Министерство за здравство на Газа.