Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Стопанската комора на Република Северна Македонија организира Саем за вработување зашто, евидентно, на македонските транзициски тајкуни им гори под ноктите, немаат работници, бараат работници, а во годиниве транзициски ги туркаа и социјално ги деградираа па сега им текна да се спуштат на земја и не карактерно да им се умилкуваат зашто нема веќе кој да им прави пари, а нема затоа што беа себични, зашто имаа змии во џебовите, зашто не сакаа да ја делат скромната судбина со своите вработени со нивните семејства и поради тој свој егоизам си ги испобркаа по германските простори затоа што им беа помили џиповите и скапите медитерански и другите егзотични топли дестинации и сега, сега Цацко, сега кога им гори под ноктите и ним и на целото наше македонско стопанство, практично и на целото македонско општество, сега ќе правеле Саем, ќе правеле Саем откако работниците веќе им ги собраа и една Словенија, дури и една Хрватска, сега Стопанската ќе правела саем за работници па и прашањето и одговорот во оваа една реченица е чуму ви се сега саеми за работници кога овде работници нема и затоа, дечки од Комората стопанска, поефектно ќе е Саемот во Германија да си го правите зашто работниците овде не ви се туку – таму ви се.