ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЛДП бара забрана на ТикТок и контрола на содржините на социјалните мрежи за заштита на децата

December 7, 2024 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Либерално-демократската партија најостро го осудува неодговорното и неконтролирано ширење на содржини на социјалните мрежи, како што е последниот ТикТок „предизвик“, познат како „Супермен“, кој само во последните 24 часа резултираше со повреди кај уште шест деца во Скопје и други градови низ Македонија, соопштуваат од ЛДП.

Оттаму истакнуваат дека најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17 години. Овие податоци не се само загрижувачки, туку алармантни. Децата, нашата најранлива категорија, стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава“, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи, велат од ЛДП.

„Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници. Ова е директен удар врз нашата колективна одговорност како политички партии, како родители, како институции, но и генерално, како општество. ЛДП потсетува на предлогот кој минатата година го достави до Министерството за образование и наука непосредно по немилите настани во соседна Србија, а со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржините кои поттикнуваат насилство. Затоа, бараме итно регулирање на  содржините на социјалните мрежи со воведување на мерки за забрана на оние кои поттикнуваат насилство и саморазорувачко однесување, зголемување на надзорот и воведување санкции за платформи кои овозможуваат опасни содржини достапни за малолетници. Време е да се освестиме како општество и да не дозволиме уште едно дете да биде жртва на вакви опасни игри. Нашите најмлади заслужуваат детство исполнето со радост, а не со страв и последици од несреќни трендови“, се наведува во соопштението од ЛДП.

Tags: ЛДПТик-Ток
Next Post

Портокалово предупредување во Франција поради бурата Дара, во прекин железничкиот сообраќај

НАЈНОВО

Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk